Најновата вест е дека вчера на седница на Комисијата за труд и социјална политика, второ читање на предлог измени на Законот за задолжително пензиско осигурување, не се дадени амандмани за измена на таа несреќна одредба за продавање на македонските евро-обврзници со рок до 15.01.2013 година. Сега останува уште пратениците во Собранието да му дадат финален печат на овој штетен Закон. Станува збор за инвестиција од околку 70мил. евра на двата задолжителни пензиски фондови во долг на Р. Македонија во евра, која треба присилно и предвреме да се продаде за парите да дојдат во мајка Македонија. Власта ќе каже дека токму тие пари и се многу потребни на нашата држава и битни за финансиска стабилност!?
Што значи овој потег?
Забраната на инвестирање во МК евро-обврзници и принудната продажба на постоечките МК евро-обврзници е крајно непромислен потег на некој што е очаен и финансиски неписмен. Иако, Власта ќе каже дека овие пари се потребни за стабилизација на земјата и нејзините финансии во време на светска финансиска криза.
Сепак, со овој потег, Македонскиот долг во странство станува поскап, затоа што домашните пензиски фондови беа единствени активни купувачи и продавачи на државниот долг во странство. Таа улога на т.н. market-maker се брише. Затоа, денеска државата не е во можност да се задолжи ниту за 6,8% каматна стапка, туку мора да плаќа многу повеќе. За илустрација, од денот кога се најави овој Закон, веднаш цената на Македонскиот долг ослабе и каматата се зголеми. Ние како држава станавме поризични едноставно со ставање на овој предлог Закон на маса! Звучи чудно но е чиста вистина. Некој што не го разбира овој процес на меѓународниот пазар за капитал е способен да донесе ваква штетна и непромислена одлука за својата држава и својот народ(над 300.000 штедачи во пензискиот систем во Р.М.). Од друга страна, станува збор за 70 милиони евра. Зарем дојдовме до тоа дереџе за да го ризикуваме финансискиот рејтинг на Р. Македонија, на сите нас, за толку малку пари? Република Македонија добива над една милијарда евра во дознаки од нашите граѓани во странство. Па ако ти требаат пари, оди во дијаспората и моли за повеќе дознаки!? Тие пари од евро-обврзницата се на граѓаните и ќе дојдоа во Р. Македонија во 2015 година. Зошто оваа владејачка гарнитура сака да ги земе денеска и да ги троши сега како да се нејзина сопственост?
Но, и во истовреме, овој потег значи директно намалување на идната пензија на секој член на вториот пензиски столб. Оваа загуба ќе дојде од намалената заработка на истите пари кои денеска владејачкото мнозинство одлучи да ги вложи во име на граѓаните во должнички хартии со пониска камата. За илустрација, граѓаните штедеа 70 милиони евра со просечна камата од 6,5% и денеска се носи Закон со кој им се вели да штедат по камата од 5,5%!? Тоа е за 30% помала заработка на една четвртина од парите на членовите во период од 3 години. Секој А кој ќарува? Е тоа е директен ќар на странските шпекуланти, штедачи и сл. Неверојатно! Некој што воопшто не го почитува својот гласач-граѓанинот на Р.Македонија може да го направи ова.
А, што да кажам за 2014 или 2015-та, доколку Р.М. повторно одлучи да се задолжува преку скапи евро-обврзници? Тогаш, идните пензионири немо ќе гледаат како некои странци заработуваат на нивниот грб, без да можат да партиципираат како резултат на овој Закон.
Зошто го прават ова?
Им се може. Добиле на избори!?
Владата во својот концепт на владеење, во делот на финансиите, дефинитивно ја крши 20 годишната филозофија на трошење во рамки на можностите, и вели дека секоја година ќе троши повеќе отколку што има пари во Буџетот. Идејата е да се потикне економски раст и развој со позајмување на пари, кои што утре ќе треба некои други генерации да ги враќаат. Значи, секоја година на Р.М. и се потребни нови пари преку нови кредити. Секоја држава своето задолжување го прави преку точно дефиниран процес на издавање на државни обврзници во точно одреден временски рок. Но, кај нас тоа не е така. Кај нас постои некоја филозофија на хаотично задолжување преку наоѓање на иновативни и герилски извори. Тоа беше симпатично до одредена мерка(долг од ММФ, Светска Банка, итн...), но сега веќе станува трагично. Така не се гради држава!
Единствен разумен одговор е дека Власта ја изгуби контролата врз чекмеџето. Влезена е во огромен затворен вртлог на трошење на пари и на долгови. Не се знае колку должи, а секој ден со секоја нова нарачка на нови проекти се задолжува повеќе и повеќе. Наликува на коцкарски менталитет. Затоа, се посега на се како извор на нови пари што е во рамки на нејзината моќ без разлика дали е разумно или не. Се кријат зад настојувањето за ефтино задолжување? Но, и ефтиното задолжување има цена. "Нема бесплатен ручек" е основната лекција во Економијата. Очигледно е дека изворите на финансирање на Р. Македонија по нормални пазарни услови се потрошија. ММФ веќе не сака да дава пари затоа што поставува услов да дознае колку е внатрешно задолжена државата. Дојче Банка не сака да дава пари затоа што смета дека долгот на Р.Македонија е ризичен и бара повисока каматна стапка. Светска банка веќе даде пари. Кој ќе даде нови пари? Евро-обврзница на Р.Македонија во овој момент ќе биде со цена од над 8% каматна стапка. Тогаш, кој друг ако не народот. Народот треба да ја финансира оваа Преродба со своите пари од пензија и со лимитирана непазарна каматна стапка од 5,5%. Лудо!
Што ќе биде со реформираниот пензиски систем?
Е ова е прашање од милион долари! Никој од Власта нема одговор на ова прашање за сега. Донесоа одлуки кои прават целосно изместување на дел од основни принципи на реформираниот пензиски систем(намалување на уплатите во фондот на членовите како процент од бруто плата, непредвидливо мешање во инвестиционите политики и одлуки). Така, еден мега-проект на реформирање на пензискиот систем, од 1998 година наваму, кој што го правеа дузина домашни и меѓународни експерти, неколку Влади по ред го туркаа со Закони и измени на Закони, Светски банки и ЕУ, и ги задира над 50% од сите вработени во државата, се детонира во темелите.
Каква држава градиме ние? Зарем само имињата на улиците, и спомениците, и кружните текови се вредност?
Демократијата како политички систем денеска во Македонија е дефинитивно дефинирана како упад на група на луѓе во нашата слобода. Слободата нема цена!
Wednesday, June 27, 2012
Wednesday, June 20, 2012
Пензиските фондови со рекордна уплата во државни долгорочни обврзници
Денеска во Утрински осамна текст во кој јас сум цитиран на едно место, со изјавата "Дури 90 отсто од учесниците на пазарот со краткорочни записи се банките, кои во нив го пласираат вишокот ликвидност, но тие сакаат побргу да им бидат вратени средствата. За разлика од нив, петгодишните обврзници никој не ги сака освен пензиските фондови".
Текстот на новинарот во реалност ја отсликува состојбата на пазарот на капитал во Р. Македонија, каде што на сметка на долгорочните штедачи присилно се прибираат средства со непазарна каматна стапка, во име на стабилност, просперитет, преродба, и сл.
Прашањето останува: Зошто на Дојче Банка се дава 6,83% каматна стапка за кредит од 5 години, а на домашните штедачи(над 300.000) им се нуди 5,5% за истиот период? Како го објаснуваат ова нашите водачи?
Само за илустрација, за два штедачи кои имаат само 1,3% разлика во каматни стапки како во овој случај на германски и македонски штедачи, за 5 години со вкаматување по иста стапка, ќарот е за 30% поголем кај штедачот со повисока каматна стапка.
Во исто време, на пример, денеска на пазарите за капитал Хрватските евро-обврзници со рочност од 5 години тргуваат над 6%, а се со помал ризик од Македонските обврзници.
Едноставно, нема пазарна логика за ставање на 5,5% каматна стапка на Македонски долг во јуни 2012 година! Како и секогаш, царот е гол, а штетата е многу поголема отколку што тие можат да ја претпостават.

Friday, June 15, 2012
Финансиска репресија Дел 2
Денеска дознаваме дека Владата ќе се зајми од Дојче Банка со само 75, наместо најавените 250 милиони евра. Што се случи? Каков договор всушност прави Министерот за финансии во име на граѓаните?
Реално, ситуацијата на пазарите во Шпанија и Италија дефинитивно има удел во овој тренд. Но, не треба да се заборави дека токму во месец април Владата усвои контраверзен предлог Закон за измена на начинот на инвестирање на средставата на пензиските фондови во странство. Со овој предлог дефакто Владата ги натера домашните пензиски фондови да почнат да размислуваат да продаваат од својата залиха на македонски евро-обврзници. Така, може да се шпекулира дека токму тој предлог Закон доведе до нарушување(влошување) на состојбата на ризикот на Р. Македонија на светските берзи, а со тоа и поскапување на нашето задолжување во странство.
Caveat Emptor!
Мојата претпоставка е дека одговорот на овие прашања го знаат највеќе онолку бирократи колку што има прсти на раката.
Ако може да се претпостави дека Дојче Банка сакала да даде кредит од 70 милиони евра по камата од 6,8% а останатиот дел од кредитот да го "синдицира", или со уличен жаргон да го понуди на други банки за разводнување на ризикот на повеќе инвеститори; тогаш доаѓаме до заклучокот дека останатите инвеститори процениле дека висината на каматата по која сакаат да и дадат пари на Р. Македонија треба да е повисока од претходно најавената.
Зошто преку ноќ поскапеа парите што може нашата држава да ги позајми? Што се случи?
Министерот во вешто спакуван отчет го даде образложението дека ситуацијата на пазарите на капитал во светот драматично се влошила како последица на состојбата на финансиите на Шпанија, Италија и сл.
Но, човек секогаш треба да гледа пошироко.
Како светските инвеститори гледаат како се движи кредитниот ризик на одредена држава?
Одговорот на ова прашање е едноставен: се приклучуваат на терминалите на Блумберг или Томсон Ројтерс и проверуваат како се движи кривата на приноси на државните обврзници. Така, ако внимателно се погледне кривата на приноси на македонските евро-обврзници на овие терминали забележуваме пораст на ризикот, т.е. зголемување на каматата, од месец април па наваму.
Реално, ситуацијата на пазарите во Шпанија и Италија дефинитивно има удел во овој тренд. Но, не треба да се заборави дека токму во месец април Владата усвои контраверзен предлог Закон за измена на начинот на инвестирање на средставата на пензиските фондови во странство. Со овој предлог дефакто Владата ги натера домашните пензиски фондови да почнат да размислуваат да продаваат од својата залиха на македонски евро-обврзници. Така, може да се шпекулира дека токму тој предлог Закон доведе до нарушување(влошување) на состојбата на ризикот на Р. Македонија на светските берзи, а со тоа и поскапување на нашето задолжување во странство.
Caveat Emptor!
Wednesday, May 30, 2012
Фејсбук
Изјава за Дневник на 22.05.2012:
"Во пензиските фондови, исто така, велат дека имаат законски ограничувања да инвестираат во акциите на „Фејсбук“. Според првиот човек на „KБ прво пензиско друштво“, Јанко Тренкоски, компанијата во која сакаат да инвестираат мора да има кредитен рејтинг, што не е случај со многу од најдобрите компании, како и дека одредена хартија од вредност мора прво да котира пред да се вложи во неа. - Многу сме лимитирани во можноста да инвестираме во хартии од вредност во странство - вели Тренковски, но додава дека кога станува збор за акциите на „Фејсбук“, според негово мислење тие засега се преценети. Сепак, тој не исклучува можност да се инвестира и во овие акции доколку оценат дека нивната вредност е атрактивна, а тоа може да се случи посредно, откако оваа акција ќе влезе во индексот „Насдак 100“."
Поточно, Законот го вели следното:
Член 105 (Закон за ЗКФПО)
ј) акции издадени од странски компании или банки кои имаат рејтинг препорачлив за инвестирање според меѓународни кредитни рејтинг агенции, со кои се тргува на главните берзи во државите членки на ЕУ или на ОЕЦД;
Член 18(Правилник за инвестирање на ЗФ)
Средствата на задолжителниот пензиски фонд може да се инвестираат во акции од член 105 став (1) точка ј) од Законот, доколку:
а) Котираат на официјалниот пазар на берзите кои ги исполнуваат условите од член 6 од овој правилник;
б) Се издадени од компании регистрирани и со седиште во држава-членка на ЕУ или на ОЕЦД;
в) Компанијата издавач на акциите има пазарна капитализација од најмалку 500 милиони евра;
г) Кредитниот рејтинг (issuer rating) на компанијата издавач е “А-” или повисок рејтинг според Fitch Investor Service или Standard & Poor’s или “А3” или повисок според Moody’s; и
д) Државата на компанијата издавач на акциите има долгорочен кредитен рејтинг за надворешен долг во странска валута “А” или повисок рејтинг според Fitch Investor Service или Standard & Poor’s или “А2” или повисок според Moody’s.
Од горенаведеното може да се заклучи дека задолжителните пензиски фондови не можат законски да инвестираат во т.н. IPO емисии, како на пример Фејсбук во месец мај, 2012. Јас лично не се согласувам со тој став на законодавецот. Сметам дека кредитниот рејтинг на една компанија е врзан со нејзиното задолжување и нема никаква поврзаност со идниот развој на истата ниту пак со цената на акцијата. На пример, Apple и Google немаат кредитен рејтинг затоа што не побарале. Исто така, сметам дека можноста за инвестирање во IPO треба да се дозволи во рамки на Правилникот за инвестирање. На тој начин, товарот за носење на одлука за инвестирање во поединечни акции на компании во странство ќе се пренесе целосно врз професионалците за инвестирање вработени во пензиските фондови.

Monday, May 21, 2012
Што се случи со ИПО-то на Тобако АД?
Во денови кога иницијалната емисија на акции на Фејсбук ги преплавува насловите на светските медиуми, размислувам за приказната околку нашето големо ИПО за 2012 година-ТОБАКО АД СКОПЈЕ.
Што се случи?
За жал, јавната понуда се прогласи како неуспешна преку јавно соопштение на друштвото објавено во Утрински весник на 8-ми мај. Берзата излезе со соопштение дека "од вкупно понудените 200.000 обични акции во текот на траењето на јавната понуда беа запишани вкупно 38.631 обична акција по цена од 617,00 денари за една акција во вкупна вредност од 23.835.327,00 денари." Во почетокот на месец мај, 2012, преку брокерските куќи им беа вратени парите на инвеститорите.
Причинините за неуспех може да се бараат во песимизмот во реалниот сектор на македонската економија, билансите и успехот во работењето на друштвото, претпазливоста на инвеститорите и млитавиот брокерско-берзански сектор.
Самиот факт дека ниту еден медиум не се заинтересира да направи коментар на оваа тема говори за состојбата на економцките работи во Република Македонија. Сепак, им симнувам капа на сопствениците, менаџментот и сите професионалци поврзани со Табако АД што собраа храброст и го истуркаа целиот процес на јавна понуда до крај. Во најмала рака, тоа е истапкан пат за секоја нова компанија која има амбиции и интерес да го следи.
Friday, May 18, 2012
Финансиска опресија врз македонското население
Во весниците на 19.04.2012 година осамна следниов наслов: “Владата се задолжува кај „Дојче банк“ со 250 милиони евра”, со камата од 6,83% на пет години!
Ова е потврда од Владата на РМ и на Министерството за финансии дека реалната каматна стапка во евра за македонски долг за 5 годишна рочност е 6,83%. Во истовреме, секој квартал, Министерството за финансии издава 5 годишни обврзници на домашниот пазар за домашни инвеститори(институции, фирми, индивидуалци) во евра со каматна стапка од 5,50%(последна аукција е извршена на крај на март 2012 год.). Дополнително, тековната Влада преку Закони усвоени во Собранието забранува инвестирање на домашните инвеститори во странство во должнички хартии издадени од државата.
Како да се толкува ова?
Трошоците кинат дел од заработката во инвестирањето
КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ ЗА СМЕТКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ФОНД ГО КОРИСТИ ДОГОВОРОТ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА*- ПРВ ВАКОВ СЛУЧАЈ ВО ИСТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во име и за сметка на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје побара од Р. Германија поврат на данок на исплатена дивиденда на хартија од вредност. Така, со надминување на огромен бирократски бедем, од страна на Р. Германија за првпат е извршен поврат на задржан данок по основ на остварен приход од дивиденда во рамки на инвестирање на средствата на задолжителниот пензиски фонд со кој управува Друштвото. Со оваа активност на Друштвото средствата добиени врз основа на извршен поврат на задржан данок по основ на приход од дивиденда, директно се пренесуваат на индивидуалните сметки на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје. Оваа позитивна пракса ќе продолжи да функционира во годините што доаѓаат.
Една од главните цели на работата на приватните Пензиски друштва во пензискиот систем на Република Македонија е да обезбедат повисок приход по пензионирањето за осигурениците врз база на принципите на максимум сигурност и минимум ризик. Затоа, согласно основниот дизајн на реформираниот пензиски систем во Р. Македонија, поставен врз основи на искуствата од најефикасните системи во светот како и позитивната глобална пракса за пласман на долгорочни средства, парите на осигурениците што се влеваат во приватните пензиски фондови се инвестираат во повеќе различни инструменти: државни обврзници, депозити во банки, акции на трговски друштва дома и во странство, и сл.
Пласманот на пари во домашните инструменти во Р.Македонија не е предмет на оданочување согласно позитивната законска регулатива. Но, инвестирањето во странство е покомплексно. Во изминатиот период помал дел од парите се инвестираа во акции на реномирани компании во странство**. Инвестициите на членовите на задолжителниот фонд во акции во странство заработуваат преку капиталната добивка и исплата на дивиденди. Но, освен тие клучни параметри, во инвестирањето е многу битно да се има во предвид кои се даночните импликации на секоја поединечна инвестиција. Затоа, тимот на искусни професионалци во КБ Прво пензиско друштво обрнува особено внимание и на овој сегмент.
Крајно, во интерес на членовите на задолжителниот пензиски фонд, Друштвото веќе има превземено иницијатива и врши притисок врз надлежните државни органи за убрзување на постапката за склучување на договори за избегнување на двојно оданочување помеѓу Р. Македонија и државите со кои Р. Македонија нема склучено договори за двојно оданочување, а во кои се планира да се инвестираат средствата на пензиските фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје(пример: САД).
*Законот за ратификација на договорот меѓу Македонската влада и Владата на Р. Германија за одбегнување на двојно оданочување во однос на даноци на доход и на имот (објавен во Сл. весник бр. 86/2007).
** Вкупно 19,68% од средствата на задолжителниот фонд, заклучно со 31.12.2011, година се инвестирани во сопственички хартии од вредност во странство. Додека, 7,40% од вкупниот фонд се инвестирани конкретно во сопственички хартии од вредност предмет на оданочување во Р.Германија. Извор: www.kbprvo.com.mk
Subscribe to:
Posts (Atom)