Sunday, July 20, 2008

Naftata i nie


Cenata na naftata e izraz na ochekuvanjata za cenata na naftata vo idnina. Vo ovoj moment tie ochekuvanja se mnogu temni. Zatoa, cenata raste i e volatilna. Osobeno e izrazena zgolemenata potreba na Kina za ovoj resurs. Daniel Gros od Centarot za Evropski politicki studii od Brisel, fantasticno go pokazuva ova preku negovoto parce vo Financial Times "The China bubble fuelling record oil prices", preporachano od vlijatelniot kolumnist na FT,"A year of living dangerously for the world", Martin Wolf. Dopolnitelno, "commodities" se popularni kako asset klasa, i golem del od institucionalnite investitori(Penziski i Endowement Fondovi) realociraat pari vo investicii tuka. Toa znachi pogolemo pobaruvanje i za nafta, megjudrugite commoditites. Pogolemo pobaruvanje znachi rast na cenata za da se izednachi so ponudata. Mnogumina vo Makedonija veruvaat vo "teoorii na zavera", pa taka, lesno ja prenesuvaat vinata za cenata na naftata na t.n. berzanski igrachi ili spekulanti. Tochno e deka volumenot na transakcii na svetskite pazari za nafteni fjuchursi e zgolemeno za mnogupati, no toa pred se doprinesuva za podobruvanje na marginite na tie dogovori, a mnogu pomalku na cenata. Na primer, Generalniot direktor na British Petroleum, Tony Hayward, go potvrduva ova vo kolumnata sto ja objavuva vo FT "Let markets solve the energy crisis".

Vo istovreme, svetot se poveke veruva deka tesko e da se obezbedat novi izvori na nafta i proizvodstvoto na nafta da nadmine 80milioni bareli na den. Matthew Simmons, veteran vo industrijata za nafta, vo Economist "The only way is down" ne upatuva da veruvame vo ovaa premisa.
No, Amerika se mobilizira za da go vrati svojot sjaj i dominacijata vo energetskiot sektor. Mnogu vlijatelni lugje se javuvaat so svojot stav za promena. Nekogasniot naften magnat, T.Boone Pickens, so "My Plan to Escape the Grip of Foreign Oil" veruva vo mokta na inovacijata preku investiranje vo tehnologii na veter i priroden gas. Al Gore so govor "we can solve it" sto ja oglasi negovata verba vo energiite: solarna, veter i geotermalna. Toj veli deka e dosta da se zadolzuva SAD preku pari od Kina za da kupuva nafta vo Bliskiot istok, i negovata ideja e za 10 godini SAD celosno 100% da proizveduvaat struja od obnovlivi izvori. Krajno, mojot favorit, Tom Friedman, preku kolumnata "9/11 and 4/11", izrazuva negoduvanje za nedovolnoto cuvstvo na George Bush za sudbinata na momentot.

Krajno, mojata verba deka naftata do sredina na 2009 godina ke odi na 100USD e pod vlijanie i na Henry Groppe, veteran na naftenata industrija od Hjuston, Texas, kogo go gledav na predavanje za naftata na globalnata CFA Institute Konferencija vo Vancouver, Canada vo Maj ovaa godina 2008.


Intervju na A1 TV na 14.06.2008 19:17
Тренкоски: Ќе се стабилизира цената на нафтата Јанко Тренкоски


„Мислам дека цената на нафтата во периодот што доаѓа ќе се стабилизира и ќе падне можеби и помалку од 100 долари “, изјави во интервју за А1 Јанко Тренковски, економски аналитичар.

Има ли цената на нафтата лимит?

Мое мислење е дека лимит дефинитивно има и според некои констатации од врвни експерти, коишто јас чувствувам дека се на прав начин искажани, мислам дека лимитот ќе биде околу 100 долари, во годините што доаѓаат од 90 до 120 долари да се движи цената на нафтата по барел.

Тренковски, се согласувате ли со ставовите на експертот Цветковиќ од Регулаторната комисија за енергетика.

Мислам дека цената на нафтата во периодот што доаѓа ќе се стабилизира и ќе падне можеби и помалку од 100 долари бидејќи во овој момент оваа атрактивна цена нуди огромна заработувачка за сите производители на нафта. Затоа се најавува зголемување на производството.

Сведоци сме дека пред неколку дена, можеби поради политички причини и глобална нестабилност, Саудиска Арабија најави дека ќе го зголеми своето производство и мое мислење е дека ќе има стабилизација.

Зошто расте цената на нафтата без контрола? Се пумпа шпекулативно или реално?

Многумина сакаат да кажат дека на „Вол стрит“ си играат со цената на нафтата, но пред неколку дена генералниот директор на „Бритиш петролеум“, Тони Хеберт даде добра изјава каде со статистика вели дека тоа не е точно, туку напротив, Кина пред се, а со тоа Индија се главни причинители на зголемување на побарувачката, а од друга страна Русија во овој момент има значително намалување на понудата и тоа доведува до зголемување на цените во краток рок, сето е на пазарна основа.

Светот издржа војни на Блискиот исток и други големи кризи без вакви тенденции кога станува збор за црното злато. Зошто токму сега нафтата урива рекорди?

Кина и Индија растат со супер брзина, Русија последните пет години барел за барел го снабдува со нафта целиот нивен раст, но во овој момент Русија нема доволно капацитети, ги исцрпува своите резерви, има намалување на нејзиното производство, не само во Русија, туку и Британија, Норвешка и во исто време се бараат нови извори за понуда на нафта. Кога ќе дојдат, цената ќе се стабилизира.

Дали е поисплатливо да се инвестира во нафта отколку во хартии од вредност?

Можно е, но сепак јас би одел на покласични инвестиции. Многу добри перформанси имаат акциите на фирмите коишто ги градат оние алатки со коишто се црпи нафтата од дестинации како што се дното на одредени мориња, Арктикот и слично.

Има ли било каква врска поскапувањето на нафтата со изборите во САД? Пред секое менување на главниот жител во Белата куќа, светот е исправен пред некаков вид економска криза или предизвик?

Според моите познавања нема голема корелација иако може да се напомене дека кога Реган доаѓа на чело на Белата куќа, економијата пати големи турбуленции, има нафтена криза во крајот на 70-ите. Би ја споменал само таа корелација, но 80 година наваму не гледам корелација.

No comments: