Last year Macedonia was “tarnished” by political turmoil, says Janko Trenkoski, general manger of KB First Pension Company, one of the two mandatory pension funds. For that reason, he adds, efforts to develop the system were thwarted. “We have not implemented lifecycle fund reforms, nor have we talked about expansion of diversifiers within the pension fund portfolios, such as alternatives.” In the meantime, KB First Pension Company approached the limit of 30% exposure to international equity, having rebalanced twice within the year owing to strong growth in the asset class. The limited exposure to local equities is still declining, while the rest of the portfolio is in domestic debt, which is yielding more than 3%, much higher compared to similar developed country debt. “The returns are robust, once again, prompted by the strong dollar and European equity returns,” adds Trenkoski. The market as a whole had another year of strong growth in assets under management, given that the system is still in an accumulation phase. Fees paid to the mandatory funds are also declining, and will continue doing so until 2020.
http://www.ipe.com/pensions/pensions-in/cee/poland-life-begins-with-equities/10011312.articleThursday, April 7, 2016
Thursday, May 21, 2015
KB FIRST PENSION COMPANY 10th Anniversary Reception - Welcoming Speech
May 19th, 2015
Skopje, Macedonia
Alexandar Palace Hotel
Welcoming Speech
by Janko Trenkoski
Distinguished Guests, Ladies and Gentlemen .....
http://mkbiz.blogspot.com/2015/05/10.html
Skopje, Macedonia
Alexandar Palace Hotel
Welcoming Speech
by Janko Trenkoski
Distinguished Guests, Ladies and Gentlemen .....
http://mkbiz.blogspot.com/2015/05/10.html
Говор за 10-години КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
19-ти Мај
2015 година
Александар
Палас Хотел, Скопје
Почитувани претставници на извршната
власт,
Почитувани претставници на локалната
самоуправа,Ваши Екселенции,
Почитувани претставници на бизнис заедницата, почитувни супервизори,
Ценети гости,
Драги пријатели,
Денеска одбележуваме 10 години од
работата на КБ Прво пензиско друштво АД
Скопје. Друштвото е партнерство, и е создадено како резултат на амбицијата и
претприемачкиот дух на ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка
АД Скопје. Друштвото вработува 30 високо-стручни професионалци и остварува
стабилни резултати. Нашата главна цел е да обезбедиме услови за достојна
пензија за членовите на пензиските фондови.
Денеска, дами и господа, можеме да ги
соопштиме следните статистики.
Прво, во задолжителниот пензиски фонд
неодамна надминавме бројка од 200.000 членови и вкупен износ од над 315 милиони
евра на заштеди. Од почетокот на нашата работа до крајот на 2014 година,
задолжителниот фонд оствари кумулативна заработка од 61 милиони евра, која
директно се распредели на сметките на членовите.
Следно, во доброволниот пензиски фонд
успеавме да убедиме над 2.500 домашни фирми да воспостават пензиски планови за
штедење на начин како тоа што го прават во развиениот свет. Доброволно
членуваат и штедат над 12.000 наши сограѓани.
Во исто време, денеска мораме да ја истакнеме
нашата тесна соработка со нашиот
супервизор МАПАС, надлежното Министерство за Труд и Социјална политика, како и
Фондот за ПИОМ.
Драги пријатели, Пензиската реформа
на Република Македонија е во добри раце!
Воведувањето на повеќе-столбниот пензиски систем во Р.
Македонија е своевидно чудо. Ова го кажувам во позитивен аспект. Во нејзе биле,
и се, вклучени голем број на исклучителни професионалци и најмалку 7 различни
Министри, кој повеќе кој помалку, во надлежното Министерство за труд и
социјална политика, претставници на сите најголеми политички партии. Станува
збор за период од 16 години од 1998 година до денеска, при што е почнато со
избор на концепт, проследено со правење на нацрт во 2002 и во реализација на
терен од 2005 година наваму. Во исто време, главните придобивки од системот ќе
се видат по 2030-та година кога ќе започне поголем број на исплати на пензии
преку дво-столбниот систем, а со тоа и почеток на релаксирање на притисокот врз
Фондот за ПИОМ.
За крај, Република Македонија во
пензиите може да се пофали дека има воспоставено темели, или столбови, кои во
нивната срж не се разликуваат многу од оние кај денешните најуспешни пензиски
системи во светот, како тие во Холандија, Данска, и Австралија според
рангирањата на Мерсер за 2014.
Да останеме фокусирани кон крајната
цел: Достоинствена пензија за сите!
Ви благодарам на вниманието и
Ви посакувам се најдобро!
Tuesday, May 12, 2015
Интервју за Економија и Бизнис магазин
12.05.2015
Економија и Бизнис Магазин
Економија и Бизнис Магазин
Е&Б: Господине Тренкоски, постојат разновидни
економски реформи, но онаа што се однесува на пензискиот систем е специфична по
тоа што, кога тогаш, ги засега буквално сите граѓани и затоа е реформа со
најголем опфат. После десет години од реализацијата на пензиската реформа во
Република Македонија каква е вашата генерална оценка за неа?
Ј. Тренкоски: Пензиската
реформа во Р. Македонија е чудо за наши услови. Ова го кажувам во позитивен
аспект. Во нејзе биле вклучени исклучителни професионалци и најмалку 7 различни
Министри, кој повеќе кој помалку, во надлежното Министерство за труд и
социјална политика, претставници на сите најголеми политички партии. Станува
збор за период од 16 години од 1998 година до денеска, при што е почнато со избор на концепт, проследено
со правење на нацрт во 2002 и во реализација на терен од 2005 година наваму. Во
исто време, главните придобивки
од системот ќе се видат по 2030-та година кога ќе започне поголем број на
исплати на пензии преку дво-столбниот систем, а со тоа и почеток на релаксирање
на притисокот врз Фондот за ПИОМ. При тоа, на политичката сцена ни левицата, ни
центарот, ни десницата, ниту етничките заедници до денеска не се откажале од
изодување на овој долгогодишен пат. Република Македонија во пензиите може да се
пофали дека има воспоставено темели, или столбови, кои во нивната срж не се
разликуваат многу од оние кај денешните најуспешни пензиски системи во светот,
како тие во Холандија, Данска, и Австралија според рангирањата на Мерсер за
2014. Сепак, морам да потенцирам дека нашиот пензиски систем претрпе многу
непланирани измени и има доста простор за подобрување. Пред се, износот на
пензија е директно врзан со платите и состојбата во економијата. Тоа е
најгорливо прашање. Дополнително, треба да се работи на едукација,
транспарентност, зголемени уплати, намалување на трошоците, наоѓање на можности
за добри инвестиции и сл. По примерот на развиениот свет, Јас би предложил и
формирање на фиксно тело-комисија за континуирана реформа на пензискиот систем
во Република Македонија составена од квалитетни луѓе со интерес во оваа сфера
кои ќе дојдат од сите релевантни политички партии, супервизорите, Фондот за
ПИОМ, невладиниот сектор, академијата, и од приватните пензиски компании. На
секои 5 години, ова тело ќе треба да направи оценка на состојбата на пензискиот
систем и да даде предлози за подобрување на работите и отстранување на
слабостите.
Е&Б: На почетокот од функционирањето на
повеќестолбниот пензиски систем големо изненадување претставуваше бројот на
лица што одлучија да влезат во вториот пензиски столб. Каква е динамиката на
приклучување во вториот столб во последниве години и колку изнесува сега
вкупната бројка на учесници?
Ј. Тренкоски: Точно. Согласно првите целосни официјални податоци, заклучно
со крајот на 2006 година во задолжителните пензиски фондови како дел од
повеќестолбниот пензиски систем влегоа 60.473 доброволни членови наспроти
67.558 задолжителни членови и времено распределени лица или вкупно 128.031
лица. Од друга страна пак, според последните статистики, заклучно со 31.12.2014
во задолжителниот пензиски систем има вкупно 373.151 членови и времено
распределени лица. Тоа е за 23.111 лица повеќе во однос на крајот на 2013
година.
Е&Б: Вие сте на чело на КБ Прво пензиско друштво кое
прославува десетгодишнина од оснивањето. Каква е вашата генерална оценка за
работата на друштвото во изминатиот период?
Ј.
Тренкоски: Друштвото е лидер во нашиот сегмент, во т.н. втор задолжителен и во
третиот доброволен столб на пензиско штедење. Постигнавме добри резултати за
членовите на пензиските фондови, и кумулативно ја имаме достигнато и надминато нашата
цел, а тоа е да се победи “инфлацијата
плус 2%”.
Кумулативна заработка на задолжителниот фонд од 2006 до крајот на 2014 година е
61 милиони евра која директно се распределува на сметките на членовите. На
крајот на април 2015 година достигнавме 200.000 членови на задолжителниот
пензиски фонд и над 315 милиони евра на заштеди. Во доброволниот пензиски фонд,
успеавме да убедиме над 2.500 домашни фирми да воспостават пензиски планови за
штедење на начин како тоа што го прават во развиениот свет. Имаме искусен тим на обучени професионалци
кои се грижат за потребите на членовите. Во исто време, нашите акционери
изградија стабилен бизнис со квалитетни преформанси.
Е&Б: Каква филозофија следи КБ Прво пензиско друштво
при инвестирањето на собраните придонеси? Какви се резултатите од
инвестирањето?
Ј. Тренкоски: КБ Прво пензиско друштво верува во принципот
на диверзификација, плаќање на ниски трошоци и дисциплина во инвестирањето.
Земајќи во предвид дека исплатите на пензиите од фондовите се долгорочни
обврски, во инвестирањето може да се превземе ризикот на вложување на
средствата во акции на компании, дома и во странство. Диверзификацијата, или
метафоричното ставање на јајцата во повеќе кошнички, експертите велат дека е
единствената бесплатна работа во светот на финансиите. Така, нашата цел е да се достигне максимумот
дозволен со закон на изложеност кон акции во широк опсег на реномирани компании
во странство до 30% од вкупните средства. Се инвестира и во домашните компании
кои котираат на берза, но во многу помал обем. Останатиот, поголем, дел од
средствата се инвестираат во посигурни но помалку доходни вложувања во хартии
од вредност со фиксен доход(државни обврзници и банкарски депозити). При
инвестирањето во акции во странство, ние не претендираме дека ќе ги најдеме
најдобрите можни индивидуални акции, затоа што тоа на долг рок е докажано дека е
загубена битка. Туку, ја следиме логиката на упросечување на вложувањата и
ставање на парите во фондови кои го реплицираат пазарниот индекс на глобалните
акции, или т.н. пасивен начин на инвестирање. Многу битен елемент на оваа
филозофија е правење на минимум трошоци за нашите клиенти. Клучна идеја е дека
не е можно да избереш активно управуван фонд на акции и да очекуваш дека
заработката ќе биде подобра од онаа кај пасивен индексен фонд на одреден подолг
временски период, заедно со вклучени провизии за активно управување. Ги следиме
сите врвни експерти во светот на инвестирањето и за сега наша звезда водилка се
идеите на Џек Богл, основоположникот на Вангард и индексните фондови, Џон
Мајнард Кејнз, Роберт Шилер, Јуџин Фама и Ворен Бафет. До денеска, имаме дисциплиниран пристап и
многу позитивно искуство од овој начин на инвестирање.
Е&Б: За пензиските друштва инвестирањето во странство
како да е попримамливо од инвестирањето во акции на фирми од Република
Македонија. Се согласувате ли со ова?
Ј. Тренкоски: Да. Основниот принцип на диверзификација
математички го налага овој заклучок. Република Македонија во однос на вкупен
износ на капитализација зазема минимално учество во глобалниот индекс на сите
акции на сите берзи во светот. И затоа, не е логично да се инвестира повеќе на
домашниот пазар одколку на оној во светот. Сепак, ние имаме одредена наклонетост
кон домашната економија и инвестираме во домашни акции на компании кои котираат
на берза. Би сакале да инвестираме и повеќе, но некогаш нашите пресметки во
однос на резултатите и ризиците не спречуваат во тоа.
Е&Б: При инвестирањето морате да ги следите правилата
за инвестирање утврдени од МАПАС, агенцијата задолжена за супервизија на
приватните пензиски друштва. Тие правила се менуваа со текот на времето. Која е
вашата оценка за правилата за инвестирање и мислите ли дека се потребни
понатамошни измени во иднина?
Ј. Тренкоски: Како
поминува времето пензиските друштва и професионалците вработени во нив стануваат
се поискусни. Затоа, потребно е да се олабават некои крути ограничувања. На
пример, на пензиските фондови им е забрането да инвестираат во хартии од
вредност од издавач со инвестиционен рејтинг од БББ-, не смеат да инвестираат
повеќе од 30% во акции во странство, ниту пак да се изложат на брзорастечки
економии. Дополнително, сметам дека во иднина треба да се размислува за
подготовка на иновативни решенија кои ќе им овозможат на пензиските фондови да
инвестираат во недвижнини и инфраструктурни проекти во Р. Македонија како добра
можност за зголемена добивка и/или намалување на ризикот.
Е&Б: Какви се искуствата на другите земји во поглед на
работата на приватните пензиски фондови? Кои се клучните предизвици со кои тие
се соочуваат?
Ј. Тренкоски: Речиси сите земји во светот имаат активна
јавна дебата за пензискиот систем. Големиот проблем доаѓа од фактот дека
требаат нови финансии за пензии бидејќи луѓето во просек имаат поквалитетен
живот од претходните генерации и живеат подолго. Во исто време, некои земји
имаат и намален наталитет и тренд на намалување на бројот на вработено насление
во однос на бројот на пензионери. И трета категорија, каде што влегува и Р.
Македонија, се земји кои покрај првите две препреки имаат и проблем на егзодус
или емиграција на работо-способното население.
За решавање на овие проблеми најдалеку отидоа Австралија, Холандија, и
Велика Британија каде што се дискутира за 4-столбни системи. Има и земји, како
на пример Франција кои сметаат дека најдобар лек за овие проблеми е подигање на
границата на пензионирање. Во соседството, имаме акутна криза на
повеќестолбниот пензиски систем во Бугарија, каде што се врши оценка за
целисходноста на системот. Хрватска,
пак, не само што го издржа тестот на реформата туку и внесе нови елементи во
вид на мулти-фондови. Освен проблемот на финансирањето, секаде во светот
пензиските фондови се соочуваат со ризикот од остварување на ниски заработки
или приноси. Живееме во глобален економски систем кој е позициониран да врши
финансиска репресија врз штедачите со историски најниските каматни стапки. Тоа
важи и за нас.
Е&Б: Каква е вашата оценка за економската состојба во
земјата?
Ј. Тренкоски: Ние имаме еден парадокс во домашната
економија. Имено, БДП за 2014 е добра бројка од над 3,5%, предизвикана од
државните инвестиции и странските инвеститори во зоните, но од друга страна,
домашните компании стагнираат и имаат пад. Ако ги земеме извештаите на 100 компании кои котираат
на Македонска берза, без банките, за 2014 година ќе видиме дека во агрегат
имаат пад на продажба за 8% во однос на 2013. Дури 60% од нив имаат намален
приход. Останатите кубурат на нула или се со раст до 10%, со неколку
исклучоци(пр. Бетон-Штип). Сметам дека сеуште имаме ниска продуктивност на
работната рака и тоа е директен резултат на нерамноправното поле за натпревар
во домашната економија, да го парафразирам Гоце Делчев. Државата е сеприсутна.
Тоа е најголемиот проблем.
Е&Б: Вие ја имате и престижната меѓународна
титула Овластен финансиски аналитичар (Chartered financial analyst) која
малкумина ја имаат во Република Македонија. Член сте и на работната група за
пензиски системи на CFA INSTITUTE, меѓународната
организацијата на вакви аналитичари. Кои беа главните теми за дискусија на
неодамнешниот состанок во Франкфурт?
Ј. Тренкоски: Дискутиравме за проактивно делување на ЦФА
Институтот на една од шест стратешки точки, а тоа е темата на финансирање на пензионирањето.
Донесовме заклучок дека секоја земја е посебна, но дека сите може да ги
применат универзалните предлози за подобрување на сопствениот пензиски систем.
Тоа се: што е можно повеќе луѓе да се приклучат на вториот столб на капитално
финансирано пензиско штедење на лична сметка, придонесите од бруто плата за
втор столб да бидат најмалку 8%(кај нас тоа е 6%), да се постигне минимум 60%
на заменска стапка од просечна плата за стажот, флексибилност при исплата на
пензија, сигурност и супервизија, итн.
Friday, May 8, 2015
Учество на дебатен форум "25 години пазарна економија во РМ и состојбите на пазарот на хартии од вредност"
07.Април.2015
хотел Александар Палас, Скопје
На форумот изнесов дека состојбата во економијата на РМ може да се гледа од два аспекта. Позитивниот е растот на економијата од над 3% и учеството на странските директни инвестиции. За илустрација, Ван хол-белгискиот производител на автобуси има извезено над 500 автобуси, додека Дрекселмајер со база во Кавадарци има зголемен обем заради многу добрите резултати на продажба на Мерцедес Ц-класа.
Но, негативниот резултат е кај домашните фирми. Имено, при анализа на приходите на 100-те акционерски друштва со задолжителна берзанска котација и со објавени финансиски извештаји за 2014 година, може да се види следното: Вкупните приходи од продажба за 2013 година изнесувале 1,95 милијарди евра, додека за 2014 тие изнесуваат 1,8. Тоа е пад од 8%. Од вкупниот број, 60% имаат негативен тренд на продажба. Тоа е загрижувачки. Зошто во услови на раст на БДП, ниски камати и девалвирано евро ние имаме таков негативен резултат?
Цената на акциите на Македонската берза, донекаде е одсликана преку овие бројки.
Пензискиот систем има блиску до 600 милиони евра на заштеди и тој број расте. Инвестирањето на пензиските фондови во домашни акции е присутно, но може да биде и поголемо. Голем проблем е тоа што некои раководства на големи македонски компании не сакаат да имаат пензиски фондови како ко-сопственици. Корпоративната култура и однесување е на незначително ниво.
Во иднина, потенцијалот на пензиските фондови може да се искористи преку инвестирање во до-капитализација, IPO, корпоративни и инфраструктурни обврзници.
Медиа:
http://vecer.mk/ekonomija/bishev-investitorite-porano-trchaa-po-profiti-a-sega-baraat-sigurnost
http://utrinski.mk/?ItemID=0B052C6615636C48BF5FC23B528569EA
http://sitel.com.mk/berzanska-konferencija-zoshto-ne-se-budi-makedonskiot-pazar-na-kapital
хотел Александар Палас, Скопје
На форумот изнесов дека состојбата во економијата на РМ може да се гледа од два аспекта. Позитивниот е растот на економијата од над 3% и учеството на странските директни инвестиции. За илустрација, Ван хол-белгискиот производител на автобуси има извезено над 500 автобуси, додека Дрекселмајер со база во Кавадарци има зголемен обем заради многу добрите резултати на продажба на Мерцедес Ц-класа.
Но, негативниот резултат е кај домашните фирми. Имено, при анализа на приходите на 100-те акционерски друштва со задолжителна берзанска котација и со објавени финансиски извештаји за 2014 година, може да се види следното: Вкупните приходи од продажба за 2013 година изнесувале 1,95 милијарди евра, додека за 2014 тие изнесуваат 1,8. Тоа е пад од 8%. Од вкупниот број, 60% имаат негативен тренд на продажба. Тоа е загрижувачки. Зошто во услови на раст на БДП, ниски камати и девалвирано евро ние имаме таков негативен резултат?
Цената на акциите на Македонската берза, донекаде е одсликана преку овие бројки.
Пензискиот систем има блиску до 600 милиони евра на заштеди и тој број расте. Инвестирањето на пензиските фондови во домашни акции е присутно, но може да биде и поголемо. Голем проблем е тоа што некои раководства на големи македонски компании не сакаат да имаат пензиски фондови како ко-сопственици. Корпоративната култура и однесување е на незначително ниво.
Во иднина, потенцијалот на пензиските фондови може да се искористи преку инвестирање во до-капитализација, IPO, корпоративни и инфраструктурни обврзници.
Медиа:
http://vecer.mk/ekonomija/bishev-investitorite-porano-trchaa-po-profiti-a-sega-baraat-sigurnost
http://utrinski.mk/?ItemID=0B052C6615636C48BF5FC23B528569EA
http://sitel.com.mk/berzanska-konferencija-zoshto-ne-se-budi-makedonskiot-pazar-na-kapital
Tuesday, May 5, 2015
Architecture 101
Минатата сабота бев, случајно, на отворањето на новиот Whitney Museum во Њу Јорк. Зградата е дизајнирана од Renzo Piano. Прекрасно! На пат назад за Скопје во авион читав за новиот музеј во Мексико сити Museo Soumaya-дизајниран и од Frank Gehry. Шу праиме?
Friday, February 20, 2015
Преку Стојко-виќ
Има само едно полошо од Комуњари. Тоа се анти-Комуњари.
— Janko Trenkoski (@JTrenkoski) February 20, 2015
Subscribe to:
Posts (Atom)